Рецепти
Полнети домати со ориз Ана Ѓорова

Декоративно вегетаријанско предјадење што може да го послужите за вашите гости како прилог

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Домат(4 големи )

Ориз(170 Грама)

Кромид(3 Главици)

Лук(2 Чешниња)

Концентрат од домат(1 Супена лажица)

Сечкан магдонос

Суво оригано

Бистра зеленчукова супа(по потреба за оризот )

Маслиново масло(5 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Исечете ја капата на доматот и тргнете ја настрана. Доматот издлабете го и превртете го, па оставете го да се исцеди 10-тина минути. Исечкајте го внатрешниот дел на доматот што го издлабивте и тргнете го во чинија настрана.
  2. Во една тава на силен оган загрејте масло и пропржете го исечканиот кромид.
  3. Потоа додајте го издлабениот дел од доматот и концентратот од домати. Гответе додека сосот се згусне, па при крај на пржењето додајте го исечканиот магдонос и ориганото.
  4. Во друга тава загрејте масло и пропржете го целото чешне лук додека пушти мирис и добие боја, па додајте го оризот и пржете го со постојано мешање 2-3 минути.
  5. Потоа кога оризот убаво ќе се пропржи, постепено додавајте ја зеленчуковата супа. Чекајте да зоврие, па додајте ја смесата со домати и посолете по вкус.
  6. Издлабените домати наредете ги врз намастена тава, наполнете ги со оризот и одозгора поклопете ги со капата.
  7. Печете ги доматите 20-30 минути во загреана рерна на 200°C.
Салата со соја и шампињони
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Пита со карамелизирана тиква
Чорба без масло
Крокети од тиква и пармезан
Тарт со праз
Вегетаријански плескавици
Посна сарма со праз и шампињони
Топчиња од палента
Топчиња од зеленчук
Чоколадни бомбици со авокадо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Шеќерни јаболки
Сос од грав и лук
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Салата со карфиол и маслинки
Крем чорба од зеленчук
Топчиња со блитва
Чорба со блитва и кисела павлака
Проја мафини со брокула
Чорба со кисели краставички
Овесни колачиња со цимет и мед
Мафини со рибизли
Чорба со шампињони и кисела павлака

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: